ВЕРО ГИ ПОДДРЖА ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ГЕВГЕЛИЈА Продолжува мисијата на грижа преку платформата ВЕРОзаТЕБЕ

Настанот во Гевгелија обедини згрижувачки семејства, претставници на центрите за лица со попреченост, локалните институции и граѓаните, славејќи ги вредностите на заедништвото и поддршката.

199

Кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“ – дел од платформата #ВЕРОзаТЕБЕ“, ја продолжи својата мисија за градење заедница заснована на грижа и солидарност со настан во Гевгелија. По успешните активности во Скопје и во Битола, оваа иницијатива продолжува да ги поддржува згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост низ државата, пренесувајќи порака на надеж, единство и заедничка одговорност.

– Згрижувачките семејства се пример за тоа како љубовта и пожртвуваноста можат да го трансформираат животот на децата кои се соочуваат со предизвици. Центрите за лица со попреченост, пак, создаваат простор за инклузија, почит и еднаквост. Кампањата на Веро претставува конкретна акција, која ја покажува важноста на солидарноста и поддршката кон оние на кои им е најпотребна – според Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади.






– Во Веро веруваме дека вистинската сила на еден бизнис се мери преку неговото влијание врз заедницата. Кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“ е израз на нашиот стремеж да бидеме партнер и поддржувач на заедницата каде што делуваме. Преку оваа иницијатива, носиме порака на надеж, охрабрување и признание за луѓето кои го прават општеството посилно – додаде Петар Денковски, директор на Веро.

Настанот во Гевгелија обедини згрижувачки семејства, претставници на центрите за лица со попреченост, локалните институции и граѓаните, славејќи ги вредностите на заедништвото и поддршката. Гостите на настанот добија подароци и уживаа во пријатна атмосфера што ја потенцираше празничната сезона како време за солидарност и дарување.

Иницијативата „Поддршка за згрижувачките семејства“ е дел од пошироката визија на Веро за корпоративна одговорност, насочена кон поттикнување на инклузија и создавање позитивни промени во заедницата. Кампањата не само што обезбедува конкретна помош, туку и ја подигнува свеста за важноста на заедничките напори за подобра иднина.

Поврзани содржини