ВЕРОЈАТНО Е СТРАВ ОД ДОКАЗИТЕ Обвинителката се надева дека следното рочиште за Жан Митрев нема да се одложи
Хаџи-Василева посочи и дека не е точна шпекулацијата дека имало многу страни со докази кои адвокатите на Митрев требало да ги разгледаат за кратко време.
„Нема што многу да се каже. И денеска се одложи. Се надевам дека наредното, конечно, ќе го почнеме за да се соочиме во судница, каде што единствено може да ги изнесеме фактите и доказите. Веројатно овој обид за одбегнување почнување на расправата е страв од доказите“.
Вака изјави обвинителката Искра Хаџи-Василева која го гони Жан Митрев за измама во врска со денешното рочиште кое беше одложено.
Таа посочи и дека не е точна шпекулацијата дека имало многу страни со докази кои адвокатите на Митрев требало да ги разгледаат за кратко време.
– Невистини се бројот на страни и докази – рече таа и ја објасни и процедурата како се добиваат докази од Обвинителството.