„ВЕРОЈАТНО Е НЕМИЛ ИНЦИДЕНТ“ Полскиот претседател проговори за падот на ракетата

Нема индикации дека ова беше намерен напад врз Полска. Најверојатно станува збор за ракета С-300 од руско производство. Во моментов немаме докази дека се работи за ракета истрелана од руска страна , изјави Дуда.

454

Полскиот претседател Анджеј Дуда на прес-конференција изјави дека е „многу веројатно“ дека ракетната експлозија во село во близина на границата со Украина била предизвикана од украинската противвоздушна одбрана.

– Нема индикации дека ова беше намерен напад врз Полска. Најверојатно станува збор за ракета С-300 од руско производство. Во моментов немаме докази дека се работи за ракета истрелана од руска страна – изјави Дуда.






Според него, нема индикации дека станува збор за „намерен напад врз Полска“.

– Ништо не укажува дека се работи за намерен напад. Ракетата не била насочена кон Полска. Ова не беше напад на Полска – нагласи Дуда.

„Активирањето на член 4 можеби не е неопходно“

Полска сѐ уште ја анализира можноста за активирање на членот 4 од договорот за НАТО, но таа мерка можеби нема да биде неопходна, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки, еден ден по ракетата што падна на украинска територија уби две лица.

Полските медиуми синоќа јавија дека две ракети наводно паднале на територијата на Полска на границата со Украина и дека две лица загинале.

Портпаролот на полската влада, Пјотр Милер, потоа изјави дека Варшава размислува дали да го активира членот 4, што би значело одржување состанок на членките на НАТО откако „територијалниот интегритет, политичката независност или безбедноста“ на Полска е загрозена.

Поврзани содржини