🎥 ВЕРНИЦИТЕ РАСТЕРАНИ ОД ПРОСТОРОТ ПРЕД АЛ-АКСА Џамијата е затворена за Рамазан бајрам, за прв пат од 1967 година
На снимките објавени од Си-Ен-Ен се прикажани луѓе како бегаат од улица во близина на светото место, а чад се издига од патот.
Џамијата Ал-Акса во Ерусалим и денеска остана затворена за верниците. Ова е прв пат од 1967 година молитвите за големиот муслимански празник Рамазн бајрам да не се одржат на светото место.
Израелските власти донесоа одлука да ја затворат џамијата на почетокот на војната со Иран, наведувајќи „безбедносни причини“. Потрите на комплексот се запечатени, а верниците се принудени да се молат во близина.
„Оваа забрана без преседан спречи илјадници Палестинци да го одбележат еден од најважните верски празници на едно од најсветите места на исламот“, соопшти Палестинскиот виш претседателски комитет за верски работи.
На снимките објавени од Си-Ен-Ен се прикажани луѓе како бегаат од улица во близина на светото место, а чад се издига од патот.
– Тие се приближија до портата и беа растерани – изјави портпарол на израелската полиција.
Комплексот на џамијата Ал-Акса, познат кај Евреите како Храмова гора, е свето место и за муслиманите и за Евреите. Во последните децении, местотот стана жариште на тензии поради ограничувањата на пристапот за палестинските муслимани, израелските ископувања во близина и иселувањата на палестинските жители од околните населби.
As the closure of Al-Aqsa Mosque continues, Israeli forces assault worshippers and fire tear gas toward them at Bab Al-Sahira. pic.twitter.com/SBlry9Mem0
— TIMES OF GAZA (@Timesofgaza) March 20, 2026