КОРИСТИ ЛИ ПУТИН ГЛУМЦИ ВО СВОИТЕ ЈАВНИ НАСТАПИ? Една русокоса и четворица рибари станаа популарни на социјалните мрежи
Една русокоса жена и четворица рибари кои можат да се видат на разни јавни настани со Путин, во разни улоги, вклучително и на настани од порани години, направија хаос на социјалните мрежи, а Би-Би-Си проба да ги истражи наводите преку софтвер за препознавање лица.
Рускиот претседател Владимир Путин подолго време е мета на шпекулации дека користи едни исти актери во своите јавни настапи и појавувања, вклучително и последното обраќање за Нова година, но и за настани од 2016 и 2017 година. Медиумот Би-Би-Си пробал да направи своја анализа дали ова е точно преку софтвер за препознавање на лица, а резултатите се изненадувачки.
Русокосата жена која често се слика до Путин, прво на риболов, потоа во црковна служба, како посветена христијанка и трето, како жена-војник која стои на божиќното обраќање на Путин ја идентификувале како Лариса Серјухина, членка на партијата Обединета Русија. Но, дали се работи за истата личност?
Софтверот за препознавање не е совршен, па потребни се 75 отсто совпаѓање на ликот за да се тврди дека тоа е истата личност. Она што сепак останува нејасно е дека нејзиното појавување на Нова година, ако тоа е истата жена, дало поклопување од само 29 односно 28 отсто со сликите од 2016 и 2017 година. Двете слики пак од пораните години споредени меѓусебно даваат поколопување од 99,8 отсто.

Мистеријата продолжува, но британските медиуми како Сан и Дејли Мејл редовно брифираат за она што се „шушка“ на социјалните мрежи. На една од сликите каде жената е сликана со уште четворица рибари, Би-Би-Си тврди дека идентификувала тројцата од мажите, споредувајќи ги резулатите од софтверот со пребарување на социјалните мрежи.
Според гласината, овие четири луѓе исто така го следеле Путин на разни настани, во разни улоги. Наводно, тие биле фотографирани и на црковната богослужба од 2017 година, а софтверот израчунал 99 отстотно поклопување на нивните ликови.
Статијата вели дека сите работеле во регионот на Новгород, а најмалку тројца од нив најверојатно и се вистински рибари. Нивниот водич е наводно Алексеј Љашенко, потоа тука е неговиот син Евгениј, рибарот Сергеј Александров и уште еден човек за кој Би-Би-Си не можеле да го идентификуваат споредувајќи различни профили на социјалните мрежи.
За овој четврт човек на социјалните мрежи се шпекулира дека неколку пати се сретнал со Путин.
Сепак, во истрагата постојат уште многу непознати. Софтверот не секогаш дава задоволителни поклопувања. На пример, една споредба на двајца од овие рибари со слика од фармери кои се сретнале со Путин во Ставропол покажува помалку од 8 отсто слично за секој од нив.
Можеби најинтригантната шпекулација на интернет беше дека жената која во 2019 година на телевизија тврдеше дека му продала сладолед на Путин и дека тоа го работи, всушност позирала на слика со него како членка на Аерофлотата.
Поради тоа што сликите од овој аеромитинг биле со мала резолуција не можело со сигурност да се потврди дали се работи за истата жена, па случајот останува мистерија која не може да биде решена преку овој софтвер.