Ѕверката од „Сексот и градот“ синоќа се истрижил во карантин, а жените не престануваат да коментираат ФОТО
Познатиот заводник Крис Нот, Ѕверката од култната серија „Сексот и градот“ синоќа се пофали со новата фризура. Па, добро, да го наречеме тоа нова фризура. Судејќи според реакциите на жените на неговиот профил на Инстаграм, тој не погрешил.
„Одлучив дека справувањето со коса е излишно од карантинот“, напиша Крис Нот. А, коментарите што ги доби за новата фризура се дополнителен доказ дека жените ја обожаваат Ѕверката.
„Прекрасна си без оглед на сѐ, неверојатен маж и актер. Поздрав од Мексико“, „Секогаш вљубена во Ѕверката“, „Ти стои“, „Без коса или со коса секогаш ќе бидеш Ѕверка за многумина“, му порачаа обожавателите на Крис.
На неговиот профил се огласи и Сара Џесика Паркер која во серијата „Сексот и градот“ ја глумеше Кери Бредшо која беше неговата емотивна партнерка.
„Не знам зошто чекаше толку долго“, го прашале Сара Џесика.
Не опаѓа ни популарноста на култната серија која премиерно се прикажуваше од 1998 до 2004 година изменувајќи ги на многу начини машко-женските односи. Серијата, исто така, придонесе за еманципација на жените, надминувајќи многу предрасуди и табуа. И во 2008 и 2010 година беа прикажани филмови со исто име, продолженија на мега-популарната телевизиска приказна.
View this post on Instagram
I decided dealing with hair was superfluous during these times of quarantine-
FOTO: Instagram