КРАДЕЦ ОД ЛЕУНОВО – На 29.10.2020 во 13.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Р.Ѓ.(50), од гостиварско Леуново, кој претходно извршил тешка кражба во магацин на угостителски објект во Маврoви анови, пријавена во 10 часот во СВР Тетово од сопственикот на објектот Р.С.(65) од Маврово. По документирање на случајот, против Р.Ѓ. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
КУЧЕТО КАСА – На 29.10.2020 во 11.00 часот во Полициската станица Карпош, С.П.(39) од Скопје на ул.„Каирска“ бил каснат од куче скитник.
ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈКА – На 29.10.2020 во 18.30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Бутелска“ и ул.„Љуботенски пат“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(37) од Скопје, мотоцикл „пијаџо беверли“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.П.(33) од Скопје, патничко возило „фиат брава“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(31) од Скопје и патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(65) од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
ДЕВОЈЧЕ КАСНАТО ОД КУЧЕ – На 29.10.2020 во 19.06 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Б.(50) од Скопје пријавил дека на насип на река Вардар, кај место викано „Састав“, неговата 13-годишна ќерка била касната од куче скитник.
(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 30.10.2020)