ВЕРИЖЕН СУДИР НА ПАТОТ ДЕБАР – МАВРОВО Повредено е дете

Поради несреќата, сообраќајот на делницата Мелнички Мост- Центар Жупа е во прекин. На местото на несреќата се врши увид, а присутна е и екипа на дебарската секција на „Македонија пат“.

235

Сообраќајна несреќа попладнево околу 17 часот се случи во близина на Мелнички Мост, на кракот кој од регионалниот пат Дебар-Маврово се одделува за Центар Жупа, кај селото Долно Меличани.

– Станува збор за вержен судир на три возила со македонски регистарски ознаки. За среќа, во несреќата со полесни повреди се здобило само едно малолетно лице, информира за МИА портпаролот на Секторот за внатрешни работи-Охрид, Стефан Димоски.






Поради несреќата, сообраќајот на делницата Мелнички Мост- Центар Жупа е во прекин. На местото на несреќата се врши увид, а присутна е и екипа на дебарската секција на „Македонија пат“.

На овој патен правец, како и на сите останати во регионот, видно е зголемена фреквенцијата на возила, поради доаѓањето на иселениците во родниот крај. Посебна внимателност во сообраќајот се препорачува и поради влажните коловози.

Поврзани содржини