Верификувани мандатите на тројца пратеници кои ќе ги заменат идните министри, седницата ја напуштија Алтернатива и Алијанса

Собранието ја констатираше и оставката на Оливер Спасовски од пратеничката функција по што повторно се очекува извештај од Државната изборна комисија и верификација на мандатот на новиот пратеник.

612

Со верификацијата на мандатот на Белкиса Зеќири која доаѓа на местото на Радмила Шекеринска, досега се верификувани мандатите на тројца нови пратеници кои се избрани наместо Зоран Заев, Љупчо Николовски и Радмила Шекеринска.

Собранието ја констатираше и оставката на Оливер Спасовски од пратеничката функција по што повторно се очекува извештај од Државната изборна комисија и верификација на мандатот на новиот пратеник.






Останува истата постапка да биде спроведена и за Никола Димитров, Мила Царовска и Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

Пратениците на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја напуштија седницата со образложение дека веќе 12 часа се во Собранието и барање да се продолжи со работа утре во 9 часот, на што претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека законодавниот дом ќе работи сè додека има соодветно мнозинство.

Претходно, седницата ја напуштија и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Во текот на денешниот ден беше констатирана и оставката на Фљорин Бесими, брат на Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии. На негово место, верификуван е мандатот на новиот пратеник од ДУИ Бедри Фазлиу.

Поврзани содржини