„Вербалниот деликт“ на новата претседателка

И ве ставаат во чуд каде ли се криеја до вчера, кога нивните газди, оние претходнине – на пример оној Пинокио и муртинскион пазарџија – ја лажеа цела држава дека нема да се менува името, дека тоа е свето, дека „душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го потпишал тоа“ и дека „ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе“ (Пендаровски). Или дека „(…) додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас, мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи“ (Заев). Ама – се случи, нели?!

2,172

И шуто и рогато, и уко и неуко, и неписмено и полуписмено…, сите глувци се престорија во „уставобранители“ цитирајќи амандмани, закони и договори, злонамерно интерпретирајќи ги и „пакувајќи“ ги во објави на војна и „црни листи“, делејќи дури и мазохистички етикети за некакво – само ним јасно – флагрантно прекршување на уставот и законот!

И ве ставаат во чуд каде ли се криеја до вчера, кога нивните газди, оние претходнине – на пример оној Пинокио и муртинскион пазарџија – ја лажеа цела држава дека нема да се менува името, дека тоа е свето, дека „душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го потпишал тоа“ и дека „ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе“ (Пендаровски). Или дека „(…) додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас, мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи“ (Заев). Ама – се случи, нели?!






И како не видоа манипулација и махинација во Референдумот за промената на името, на којшто народот – неизлегувајќи на истиот – се изјасни против? И зарем тоа, повторно, не беше понижување на вољата на народот и незаконско прогласување на промената на Уставот во Собранието?! Сосе целиот оној неморален циркус со купените пратеници?!

Ама клиентелава повторно молчеше, нели?! И не го сметаше тоа за „објава на војна“ на една политикантска врхушка против демократијата, против сопствениот народ и неговата јасно изразена воља?

Па дојде Договорот за добрососедство и протоколите, коишто „не постоеа“ долго време. Па после неколку месеци таинствено се појавија. Па ги немаше ни во „француската рамка“, па и таму магично никнаа – „од никаде“.

И ако сето ова е така – а така е – како тие и такви силеџиски „политики“ глувциве ги сметаа за законски? И како после сето тоа новата претседателка само со искажан збор „крши“ некаков „Устав“ и „закон“? Зарем омразата, глупоста, неукоста, злонамерноста… толку им го помрачила умот?

Но, што им е вториот чекор на домашнава „интелектуална“ клиентела и меѓународната ступидна заедница? Ќе ја судат ли за вербален деликт новата претседателка? Или тие не разбираат што тоа значи зашто не стасале ни до „лекција прва“ за човековите права? Онаа за правото на збор!?

Она што се случуваше во неделата во Собранието на инаугурацијата на новата претседателка, е всушност проблем на исчекорување од комунистичкиот атар на македонската вкалупена политикантска мисла наметната од грст неуки и неспособни „политичари“. Тие, едноставно, немаат капацитет за поинаква перцепција на политиката, за демократска супституција на закоравената „идејност“ што ни ја наметнуваат овие провинциски „структури“ чијшто политички дијапазон не преминува преку Евзони и Деве Баир. За Табановце воопшто и не станува збор!

Поточно – застанува таму, зашто се плашат од сопствената неукост и неспособност, не пак од некоја „еретичка“ мисла дека ние може да сме во право!

Инаку, верувам, поточно сигурен сум, дека онаа „интелектуална“ клиентелистичка сурија ја чекаше новата претседателка токму на таа прва кривина: заклетвата. И мислеа дека нема да се осмели – барем тука – да додржи на ветувањето дека нема да го употребува новото „Уставно“ име на државата. Останаа разочарани. Затоа сега мавтаат со некакви објави на војна, но некако со „половина уста“, нели. Сепак, силна поткрепа добија веднаш од еднакво неморалните душегрижници од ЕУ – особено „госпожата“ фон дер Лајен и оној циркузант Мишел.

Но, на што ќе личеше новата претседателка на државата ако веднаш, на првиот чекор – важен како и сите други што ќе ги прави! – потклекне? И не го одржи ветувањето? Немаше ли овие кои чекаа во заседа веднаш да ја прогласат за човек кој не си стои на зборот? И на кој, следствено, не може да му се верува. Одвај чекаа.

Единствени кои, можеби, во овој случај би имале некакво „право“ да бараат објаснување се политичките претставници на јужниот сосед. Нив може да не ги интересира како било „донесено“ новото име на државата, кој и во чие име го потпишал Договорот од Преспа итн. Но, тие, условно, би имале право на сето тоа единствено кога самите би го почитувале тој Договор, што не е случај, нели.

И кога ние за нив и понатаму не би биле само – Скопје!

А всушност, мислам дека и тие беа свесни дека лагата – или театарот – со името не може вечно да трае, нели? Барем политичари би требало тоа да го знаат! А тоа би требало да го знаат и оние двајцана во Брисел. Ако се сметаат себеси за политичари, се разбира. Што и не се, за жал, туку одново, по којзнае кој пат, ни се претставуваат како едноканални циркузанти.

И, на крајот на денот, доаѓаме можеби до клучното прашање: има ли еден претседател на држава право на придржување до сопствениот став? И тоа став што јавно го објавил пред гласачите многу порано пред конечното гласање? Став односно вербален исказ којшто не се коси со никаков Устав и закони бидејќи формалниот – и во меѓудржавни рамки единствено валиден – потпис стои на „легалистички“ коректен документ? Зашто, овде за тоа станува збор, за јавно изнесениот став и останувањето на дадениот збор. Инаку, на што ќе личеше претседателката Силјановска-Давкова во очите на нејзините гласачи ако веднаш го погазеше дадениот збор?

Ќе личеше на оние двајца лажговци спомнати на почетокот, ќе го почнеше мандатот со големо црно петно што не ќе можеше лесно да го избрише… Да, тоа „петно“ можеби, на почетокот, ќе ја следи во меѓународната комуникација, но не долго, сигурен сум. А интимно, дури и Борисов и Мицотакис, а особено онаа „госпожа“ од Брисел, знаат дека е во право. И знаат дека е посмела од нив, на што можеби ѝ завидуваат.

Впрочем, во овој контекст, да ја потсетам локалнава глувчешка банда на зборовите на Глигоров на Мировната конференција за Југославија во Брисел (6 мај 1992): „Стекнувањето и употребата на името на еден народ и држава е неприкосновено и неотуѓиво право на секој народ и на граѓаните на секоја држава. Република Македонија го носи тоа име како држава половина век“!

И понатаму, да ги потсетам на говорот на Глигоров во Обединетите нации (8 април 1993), при приемот на Македонија во ООН (под референцата FYROM): „Среќен сум и возбуден што во овој миг можам да ја изразам благодарноста, во името на народот и на Владата на Република Македонија, за поддршката изразена со приемот на Република Македонија за рамноправна членка на организацијата на Обединетите нации.“

Или можеби „уставобранителиве“ сметаат дека и тој, а и ние, требаше самите себеси таму, па и дома, да се „фиромизираме“?

И зарем навистина луѓево не разбираат дека и ова „Северна Македонија“ предизвикува исти негативни чувства како и таа искривоколчена карикатура викана FYROM? Или токму тука се крие мазохистичкиот синдром на „легалистиве“?

Извор: Теодосиевски уметност

Поврзани содржини