ВЕРА ВАНГ ИЗНЕНАДИ СО ПЛАТИНЕСТО РУСА КОСА НА БАФТА 2026 Во јуни креаторката ќе полни 77 години

Легендарната дизајнерка Вера Ванг (76) изненади со драстична промена на имиџот во Кралската фестивалска сала, само еден ден по појавувањето со нејзината вообичаена боја на коса, како бринета

2

Легендарната модна дизајнерка Вера Ванг (76) се појави со смел нов изглед на црвениот тепих на доделувањето на наградите BAFTA Film Awards 2026, што се одржа во недела, 22 февруари, во Royal Festival Hall во Лондон.

На 76 години, Ванг се појави со впечатлива платинесто руса коса со темни корени — што е значително отстапување од нејзиниот изглед само еден ден претходно, кога на забавата за номинираните за БАФТА носеше долга кафеава коса.






За свечената церемонија избра бел фустан до подот од сопствениот бренд, со долги црни надуени ракави кој го искомбинира со црни очила за сонце во форма на мачкини очи.

Ден претходно, пак, модната икона се појави во црн топ што ѝго откриваше стомакот, со црни кожни ракавици до лактите, тесно здолниште, преголем шешир и крзнен додаток за рацете — уште една потврда дека не се плаши од модни експерименти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Wang (@verawang)

Ванг и претходно знаела да изненади. На минатогодишното издание на БАФТА таа носеше црн топ со превртен струк и впечатливо црно-бело здолниште со висок струк, а тогаш дебитираше и со покуса, кафеава коса до раменици.

„Б е за БАФТА ГОЛЕМИОТ ДЕН… Еве не… среќно и честитки до сите талентирани номинирани. XXV“, напиша таа на Инстаграм, споделувајќи фотографии од новиот изглед.

Дизајнерката на венчаници изјави за PEOPLE пред нејзиниот 75-ти роденден во јуни 2024 година дека била под „голем притисок“.

– Плановите за роденден се во воздух. Мислам дека 75 е голем притисок – сподели Ванг зад сцената на Гала-свеченоста на Фондот за модни стипендии на 8 април.

– Јас само ќе продолжам понатаму затоа што чувствувам дека сум во можност да дадам сè повеќе и повеќе во мојата работа – изјавила таа.

Подоцна, во јули 2025 година, повторно за People сподели дека размислувала дали воопшто да ги одбележува родендените по 75-тата година, но сепак организирала стилска прослава во парискиот ресторан Le Relais Plaza за 76-тиот роденден.

Многу мои пријатели не сакаат. Велат, премногу сум стар. Јас велам: Не е работата во тоа дали сме стари. Работата е во тоа да се биде тука и да се живее, и треба да го славиме тоа. Мора да се слави секоја година што сме живи. Така чувствувам јас – вели таа.

 

 

 

Поврзани содржини