📷 ВЕРА МЕШТЕРОВИЌ ВО ДРУШТВО НА ЃОРЃЕ ДАВИД Поранешната мис на Македонија блесна на финалето на „Ѕвездите на Гранд““

Вера Мештеровиќ му е ПР и менаџерка за Македонија на Ѓорѓе Давид, а со своето пристигнување таа превлече големо внимание.

1,467

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид во финалето на музичкото натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранд“ дојде во придружба на поранешната мис на Македонија, водителката Вера Мештеровиќ.

Инаку, Вера Мештеровиќ му е ПР и менаџер за Македонија на Ѓорѓе Давид, а со своето пристигнување таа превлече големо внимание.






– Во прашање е Вера Мештеровиќ, поранешна мис на Македонија, жена која е сериозен пи-ар кога е Македонија во прашање и која е мој менаџер за Македонија. Вера е некој кој ми беше најголем „брат“ кога ми се случи тој ужас во Македонија. Бидејќи Вера е некој што сакаше да дојде овде и да види како изгледа сето ова, ѝ реков: „Спакувај се, те чека хотелот, на тебе е да дојдеш да видиш како изгледа она што го викаме „гранд финале“ – објаснил Ѓорѓе, а на коментарот дека сигурно многумина би му позавиделе затоа што е опкружен со убави жени, рекол:

– Мажите можат да ми позавидат, но најважно е што моите блиски пријатели, меѓу кои и Ана (сопругата) и Сташа (ќерката), многу добро знаат која е Вера во мојот живот, пишува „Лепа и среќна“.

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

 

Поврзани содржини