Венко, веревр ју ар, Хев а Њу Иар!

Се очекува СДСМилановац да прогласи вонредна состојба - лидерот побегуља им го нема и никој не знае каде е.

1,081

Ова станува сериозно, цела недела го нема Филипче. Седум дена никаде го нема, освен оној бот, снимен бот за новогодишна честитка.

Точно една недела е измината откако Венко беше бил виден спакуван на странски аеродром, и оттогаш му се губи трагата.






Народот би рекол, „од лани го нема“.

СДСМилановац нема поим каде им е лидерот, па се труди да пласира соопштенија за тешка состојба. Изгледа Венко, како лидер, не им кажал дека во Македонија е до толку добро што може цела недела да го нема и да си седи во странство.

Седум дена во странство, а „Македонија во тешкотии и маки“; па сега или не е така, или Венко е побегуља?

Како и да е, по седум дена СДСМилановац може да прогласи вонредна состојба: каде е лидерот, ако и они воопшто знаат.

Можеби е на скии со Зоран, или пак можеби му ја чува фотељата на Заев во Дубаи. Онаа градежната, де?

На СДСМилановац е да одговори.

Засега, велат дека на обидот да го добијат, на телефонските повици се слушала снимена порака:

المشترك غير متاح

Преведено од арапски: претплатникот е недостапен!

Венко, веревр ју ар, сепак, Хев а Њу Иар!

Поврзани содржини