Венеса објави емотивно видео од Коби и нивната ќерка
Тој зборува за тренирањето, но и за тоа дека е премногу среќен поради тоа што и таа, исто како него, страстно игра кошарка.
Сопругата на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, Ванеса Брајант, на Инстаграм објави видео на кое се гледа како поранешната НБА ѕвезда со емоции разговара со починатата ќерка Џијана.
Тој зборува за тренирањето, но и за тоа дека е премногу среќен поради тоа што и таа, исто како него, страстно игра кошарка.
– Најпрво започна да игра фудбал, но потоа почна да ми бара совети за кошарка, па јас почнав да ја учам. Чекор по чекор, а таа уживаше. Сега обожава кошарка и игра секој ден – вели Коби во видеото.