ВЕНЧАВКАТА ВО ПРИРОДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО УЖАС! Свеченоста ја прекинаа морничави крици (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Веруваме дека на младенците и на сватовите им се одмиле идејата за романтична венчавка во природа.

953

Иако многумина се уверени дека венчавките во природа се романтични, оваа снимка сведочи дека не мора секогаш да е така. Младенци од Денвер, Колорадо и нивните гости, кои решија венчавката да ја одржат во природа, имаа застрашувачко искуство.  Венчавањето кое се случувало покрај убаво езерце, било прекинато од грозоморни крици и пиштење, кои доаѓале од другиот брег на малечкото езеро.

Кога снимателот ја завртил својата камера во тој правец, имал што да види – гризли нападнал елен, сцена која е вообичаена во природата, добредојдена за документарни филмови за дивината, но никако за свадбени прилики. Веруваме дека на младенците и на сватовите им се одмиле идејата за романтична венчавка во природа.






Предупредување, снимката која ги обиколи социјалните мрежи не е за оние со чувствителни нерви:

Поврзани содржини