Велосипедите во Амстердам ќе се користат за производство на струја (ВИДЕО)
Холандски иновагтори создадоа систем за создавање енергија од велосипедите кои се движат.
Возењето велосипед низ Амстердам обезбедува доволно енергија за осветлување улици, на домовите, енергија за ладилниците или за видео игри. Ова го согледале холандските иноватори кои создадоа систем кој може да ја претвори енергијата што се создава при возење на велосипед во струја.
Идејата се заснова на полнење на батерија во велосипедот додека тој се вози низ градот. Кога велосипедот ќе се паркира на соодветно место енергијата од батеријата оди во енергетскиот систем кој се користи во градот.
Агенција за општествени медиуми Waste-Ed објави видео од иновацијата.