ВЕЛОСИПЕДИСТИ СЕ СУДРИЈА НА КЕЈ Едниот побегнал, другиот е во болница

858

Едно лице е тешко повредено синоќа во судир помеѓу два велосипеди на велосипедска патека на кејот на реката Вардар во Центар.

Вториот велосипедист, информира МВР, побегнал од местото на несреќата.






„Вчера дојде до несреќа помеѓу велосипед управуван од К.Е.(38) од Скопје и друг велосипед кој го напуштил местото. Скопјанецот се здобил со тешки повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во билтенот на полицијата.

Поврзани содржини