Скопјанец приведен со прашкаста материја На 13.08.2020 во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода И.У.(40) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
И со марихуана На 13.08.2020 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода С.И.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Охриѓанец приведен во Скопје На 13.08.2020 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Карпошово востание“ го лишиле од слобода Д.Ј.(29) од Охрид, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и метална дробилка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Украдени предмети во мерцедес На 13.08.2020 околу 18.30 часот на ул.„Петре Прличков“ во Велес полициски службеници ги лишиле од слобода С.С.(48), В.М.(48) и И.П.(37) од Кавадарци и Ѓ.М.(31) од Велес, затоа што при контрола на автомобил „мерцедес“, со кавадаречки регистарски ознаки, пронашле предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражби“. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Повредени сопатници од Пирок На 13.08.2020 во 12.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Пирок-с.Раковец, патничко возило „форд фиеста“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(49) од с.Камењане, излетало од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.С.(41) од с.Пирок, а со телесни повреди се здобиле другите сопатници А.С.(46), А.С.(66) и М.С.(67), сите од с.Пирок, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.
Пренесен во болницата „Св.Еразмо“ На 13.08.2020 година во 07.25 часот, на ул.„15 Корпус“ во Охрид патничко возило „ауди“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Ж.К.(23), од охридското село Лескоец, удрило во велосипед „VILLIGER“, управуван од Ж.Т.(76) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид бил извршен.
Го каснало куче на кеј На 13.08.2020 во 13.10 часот во Полициската станица Центар, Е.Р.(64) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“ бил каснат од куче скитник.
Удрил во пешак во Струга На 13.08.2020 во 10.10 часот на ул.„Прва македонска ударна бригада“ во Струга, товарно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(41) од Битола, удрило во пешакот М.Ј.(63), од струмичкото село Куклиш. Во незгодата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што била пренесена за укажување лекарска помош. Увид бил извршен.
„Пајак” кренал 57 возила Во текот на 13.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се три возила бидејќи биле нерегистрирани, еден возач затоа што управувал возило со брзина поголема од дозволената, еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување и 57 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.