„Вело родео“ во Градски парк, Вратница и Чашиново Облешево

„Вело родео“ претставува концепт на организирање настани на отворено, кои имаат за цел промовирање на велосипедизмот, со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај деца од различни возрасти. 

487

По повод 9 мај- Денот на Европа, Здружението на граѓани Еко Логик, традиционално и оваа година организира „Вело родео“ настани кои се одржуваат во рамки на редовните активности на програмата „Вело училишта‘‘. 

„Вело родео“ настаните започнуваат денеска  кај Школка во Градскиот парк во Скопје, а утре продолжуваат во Вратница, а задутре во Чешиново Облешево.






„Вело родео“ претставува концепт на организирање настани на отворено, кои имаат за цел промовирање на велосипедизмот, со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај деца од различни возрасти. 

Главен фокус на настанот е насочен кон препознатливиот вело полигон, а како дополнителни активности се издвојуваат едукативните игри креирани од здружението Еко Логик, на теми поврзани со заштита и унапредување на животната средина, одржлив развој, велосипедизам, како и креативните работилници кои ги водат познати уметници од државата.

Во текот на одржувањето на сите настани, ќе биде поставена и изложба на пристигнатите цртежи кои беа дел од ликовните конкурси објавени во 2019 и 2020 година.

„Вело родео“ е поддржано од Делегацијата на Европска Унија, Europe House и Град Скопје.

Поврзани содржини