ВЕЛИКОДУШНИОТ АКТЕР Кијану Ривс им подари часовници „Ролекс“ на каскадерите во „Џон Вик“ (ФОТО)
Секој часовник бил изгравиран со лична порака, еден вид благодарност на актерот за нивната соработка во филмот.
Холивудскиот актер Кијану Ривс го прослави крајот на снимањето на неговиот нов филм „Џон Вик: Поглавје 4“ со тоа што на членовите на каскадерски тим им подарил скапоцени часовници.
Како што наведуваат странските медиуми, Ривс на каскадерскиот тим им подарил часовници „Ролекс“ (Rolex Submariner) и секој бил изгравиран со лична порака, еден вид благодарност на актерот за нивната соработка во филмот.
Судејќи според објавите на социјалните мрежи, Ривс во саботата навечер им ги претставил часовниците во бистрото Paul Bert во Париз на четворицата каскадери – Брус Ли Консепсион, Џереми Маринас, Дејв Камарило и Ли Кианг. Маринас во својата приказна на Инстаграм рекол дека часовникот е најдобриот подарок што го добил досега.
Подарокот е уште повпечатлив со фактот дека е многу тешко да се добие „Ролекс“, особено Submariner. Часовникот, чија препорачана малопродажна цена е 9.150 долари, моментално е речиси двојно повисока.
Новите фотографии од снимањето на четвртиот дел од филмот „Џон Вик“ се појавија во јавноста, додека снимањето се случува во Париз.
Долгоочекуваното снимање започна во Берлин, а тогаш продукцијата беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.
Ривс на новите фотографии седи на маса или опуштено се шета низ сетот додека го чека својот ред во сцена и покажа дека годините не му можат ништо.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм