ВЕЛИКА БРИТАНИЈА САКА ДА ИСПРАТИ МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА И НА БАЛКАНОТ Лондон би платил за секој примен азилант

Британскиот премиер Кир Стармер е заинтересиран за соработка со други европски земји кои планираат да отворат миграциски центри во трети земји, се вели во статијата. Медиумите пренесуваат дека Лондон има намера да им плати на земјите за секој примен мигрант.

1,726

Велика Британија ја разгледува можноста да испрати мигранти на кои им е одбиен азил во балканските земји Македонија, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина, објави британски „Тајмс“, повикувајќи се на извори во британската влада.

„Според плановите на кои се работи, оние на кои им е одбиен азил може да бидат испратени во миграциските центри во Западен Балкан и други трети земји“, наведува весникот.






Британскиот премиер Кир Стармер е заинтересиран за соработка со други европски земји кои планираат да отворат миграциски центри во трети земји, се вели во статијата. Медиумите пренесуваат дека Лондон има намера да им плати на земјите за секој примен мигрант.

Изворите на весникот наведуваат дека Лондон планира за ова да разговара со претставници на Македонија, Албанија, Србија и на Босна и Херцеговина. Како што истакнуваат изворите, исклучена е можноста за испраќање мигранти во Руанда, иако претходната британска влада размислувала да испрати илегални мигранти во таа африканска земја.

 

 

Поврзани содржини