Велика Британија работи на нов 20-минутен тест за ковид-19

Пробите на новиот тест, кој открива дали луѓето го имаат вирусот или не, започнаа во Хемпшир.

146

Министерството за здравство на Велика Британија го објави почетокот на истражувањето на новиот тест за ковид-19, со кој ќе бидат потребни само 20 минути за да се добијат резултати.

Пробите на новиот тест, кој открива дали луѓето го имаат вирусот или не, започнаа во Хемпшир.






Министерството соопшти дека новиот метод на тестирање „се покажа дека е ефикасен во клинички услови“.

Тестот ќе биде испробан во оддели за итни случаи, а пробниот план ќе опфати околу 4.000 лица и ќе трае до шест недели.

Успехот на новиот тест ќе ги поддржи плановите на Владата на Велика Британија за справување со предвидениот втор бран на инфекција со коронавирус во земјата.

Поврзани содржини