Велика Британија пред најлошите недели од пандемијата

235

Додека во Велика Британија се забрзува темпото на масовна имунизација на населението, главниот медицински советник на британската Влада, Кристофер Вити, денеска предупреди дека следуваат најлошите недели од епидемијата со ковид-19 бидејќи новиот, позразен вид на вирусот, незаприливо се шири, а бројот на новозаболени и мртви расте од ден на ден, што го става здравствениот систем под голем притисок.

– Следните неколку недели ќе бидат најлоши кога станува збор за бројот на нови инфекции. Пред да почнат да се чувствуваат ефектите од вакцинацијата, навистина треба да ги удвоиме напорите и да го спречиме ширењето на болеста – порача Вити, пренесен од британските медиуми.






Бројот на починати меѓу ковид пациентите во Велика Британија надмина 81.000, а досега повеќе од три милиони луѓе излегоа позитивни на коронавирусот.

Новиот, позаразен, вид на вирусот се шири брзо меѓу населението, а во некои делови на Лондон е заразен секој 20-ти жител, па затоа професорот Вити за Би-Би-Си предупреди дека ситуацијата е „застрашувачка“.

– Имунизацијата навистина се забрзува, ќе вакцинираме 200.000 лица дневно – рече британскиот министер за вакцинација Надим Захави во интервју за „Скај Њуз“.

Поврзани содржини