🎥 ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НА НОЗЕ ПОРАДИ КЕЈТ МИДЛТОН Персоналот на лондонската болница „чепкал“ во здравствениот картон на принцезата
Поведена е итна истрага откако е утврдено дека најмалку еден член на персоналот во приватната клиника во Лондон бил фатен како се обидува да пристапи до медицинските досиеја на принцезата од Велс која во јануари беше оперирана во таа болница и оттогаш нејзината состојба е обвиена во мистерија.
Канцеларијата на британскиот комесар за информации (ICO) ги истражува тврдењата дека персоналот на приватна лондонска клиника, чии услуги често ги користат членовите на кралското семејство, и каде што во јануари беше оперирана Кејт Мидлтон, го прекршил правото на приватност на медицинските досиеја на принцезата од Велс.
Дејли Мирор тврди дека персоналот во лондонската клиника „се обидел да пристапи до нејзините приватни медицински досиеја“, а од ICO потврдија дека добилe „извештај за прекршување“ и ги истражуваат тврдењата, објави Би-би-си.
Според сознанијата на Дејли Мирор, најмалку еден член на персоналот во клиниката бил фатен како се обидува да пристапи до медицинските досиеја на принцезата од Велс.
Весникот наведува дека е покрената внатрешна истрага во приватната лондонска болница каде во последните месеци се лекуваа Кејт Мидлтон и британскиот крал Чарлс Трети.
Кејт беше подложена на операција на абдоменот во јануари и се повлече од јавните обврски додека закрепнува. ICO го надгледува спроведувањето на регулативите за заштита на податоците и слободата на информации низ Обединетото Кралство.
Портпаролот на Кенсингтонската палата одби да ја потврди или негира информацијата, наведувајќи дека тоа е внатрешна рабoта на клиниката во Лондон.