Велика Британија ги отвори хотелите за карантин
Според новите правила, луѓето кои во Англија пристигнуваат од 33 ризични земји мораат на свој трошок да поминат 10 дена во одредените хотели, а оброците ќе им бидат доставувани на врата.
Патниците кои утрово стасале на лондонскиот аеродром Хитроу, обрзбедувањето ги испратило до автобусите кои ги однеле до блиските хотели.
Првата доза на вакцина во Велика Британија ја примиле речиси четвртина од населението, но здравствените работници се загрижени дека вакцината можеби нема да биде доволно ефикасна против одделни нови соеви на вирусот, вклучително и на првиот идентификуван во Јужна Африка.
Според новите правила, луѓето кои во Англија пристигнуваат од 33 ризични земји мораат на свој трошок да поминат 10 дена во одредените хотели, а оброците ќе им бидат доставувани на врата.
Во шкотска ова правило се однесува на слетувањата од било која земја.
Критичарите велат дека хотелите за карантин се предоцна воведени, бидејќи јужноафриканската варијанта на коронавирусот веќе кружи во Велика Британија.
Владата вчера ја оствари својата цел да првата од двете дози на вакцината ја примат 15 милиони најзагрозени граѓани, вклучувајќи ги и здравствените работници и постарите од 70 години.