ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ ГИ ПУШТИ ТИНЕЈЏЕРИТЕ НА ГЛАСАЊЕ Прагот за право на глас се спушта на 16 години?

Реформите во Велика Британија предвидуваат проширување на списокот на прифатливи документи за идентификација при гласање. Меѓу новите опции ќе бидат банкарските картички издадени во земјата, како и дигитални верзии на веќе постоечки лични документи, како што се возачките дозволи.

221

Британската влада соопшти во четвртокот дека планира да го снижи прагот за право на глас на 16 години, со што сите граѓани на возраст од 16 години и постари ќе можат да гласаат на избори во Обединетото Кралство, како дел од голема реформа на демократскиот систем на земјата, објави Си-Ен-Ен.

Владата наведе дека предложените измени, кои треба да бидат одобрени од парламентот, ќе ги усогласат гласачките права низ целото Обединето Кралство со оние во Шкотска и во Велс, каде што младите веќе имаат право да гласаат на избори на ниво на децентрализирани власти.






– Преземаме мерки за да ги отстраниме бариерите за учество што ќе обезбедат повеќе луѓе да имаат можност да се вклучат во британската демократија – изјави заменичката премиерка Ангела Рејнер.

Излезноста на општите избори во 2024 година изнесувала 59,7%, што е најниско ниво на парламентарни избори од 2001 година, според извештај на парламентот.

Според податоци од библиотеката на Долниот дом, истражувањата од земји, што ја намалиле возраста за гласање на 16 години, покажуваат дека тоа не влијаело на резултатите од изборите, а 16-годишниците дури и почесто гласале одошто оние што првпат стануваат избирачи на 18 години.

Лабуристите, чијшто рејтинг драстично опадна откако дојдоа на власт со огромно мнозинство пред 1 година, претходно најавија дека ќе ја намалат возраста за гласање ако бидат избрани.

Реформите ќе го прошират и списокот на прифатени документи за идентификација при гласање, така што ќе се дозволат банкарски картички, издадени во Обединетото Кралство, и дигитални формати на постоечки документи, како што се возачките дозволи.

За справување со странско мешање, Владата исто така најави заострување на правилата за политички донации, вклучително и проверки за донации над 500 фунти (670 долари) од неинкорпорирани здруженија и затворање правни дупки што ги користат лажни компании.

Поврзани содржини