ВЕЛИЧИМЕ НАРКОДИЛЕРИ Статуите на ликовите од популарната серија ги вознемирија граѓаните
Статуите биле откриени на 30 јули на церемонија на која присуствувале Брајан Кренстон, Арон Пол, креаторот на „Breaking Bad“, Винс Гилиган и градоначалникот на Албакерки, Тим Келер.
Одлуката во Конгресниот центар во Албакерки, Ново Мексико, да се подигнат две статуи на ликовите од серијата „Breaking Bad“, Волтер Вајт и Џеси Пинкмен, предизвика вознемиреност помеѓу некои републиканци во оваа сојузна држава.
Гилиган на церемонијата изјавил дека оддавањето почит на „двајца измислени, злогласни дилери на метамфетамин“ нема да го слават сите во Ново Мексико.
View this post on Instagram
Се утврдило дека Гилиган бил во право. Конзервативниот радио-водител од Албакерки, Еди Арагон, и републиканскиот државен претставник Род Монтоја се две јавни личности кои ги осудија статуите тешки 250 килограми.
„Мило ми е што Ново Мексико доби работа, но сериозно? Одиме по пат на буквално величaње на произведувачи на метамфетамин?“, рекол Монтоја.
„Тоа не е вид признание кое го сакаме за градот Албакерки или за нашата држава“, вели Арагон, напоменувајќи дека „она што сте го виделе во серијата „Breaking Bad“ треба да биде документарец“.
Градоначалникот на Албакерки, Тим Келер, изјавил дека е соодветно да се подигнат статуи на ликовите од „Breaking Bad“ со оглед на позитивното економско влијание што серијата го имала врз градот низ годините.
„Иако приказните можеби се измислени, работните места се реални секој ден. Градот е исто така лик… Се гледаме на толку многу начини, добри и лоши“, рекол градоначалникот.
ФОТО: Инстаграм
.