Велешката болница сѐ уште не е исполнета

Во велешката Општа болница на дветте одделенија Инфективно и Одделение за физикална медицина моментално има 63 пациенти од кои 9 се сомнителни и 54 потврдени. Од нив 20 се на кислородна поддршка.

196

Од велешката ЈЗУ Општа болница за МИА потврдуваат дека во моментов во болницата има доволно сместувачки кревети за прием на сите пациенти со ковид-19 на кои им е потребно болничко лекување.

Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, освен на Инфективно одделение кое е засебна зграда, од изминатиот викенд пациенти се примаат и на Одделението за физикална медицина, а таму од 24 кревети пополнети се 11.






– Примаме пациенти на кои им е неопходно болничко лекување, освен Инфективното одделение со 54 кревети, каде сега има 51 пациент позитивен на ковид. Дополнително изминатиот викенд како Ковид центар го преадаптиравме и Одделението за физикална медицина. Исто како и Инфективно, е засебна зграда од болницата каде што може да се сместат уште 24 пациенти, а таму моментално се сместени 11. Сега засега имаме доволно сместувачки капацитет за прием на болни со Ковид, во велешката Општа болница – информира Неделковска Николова.

Според неа, дел од пациентите кои веќе го завршиле лекувањето, а истовремено имаат потреба од болничко лекување ги превземаат и на Интерно одделение во Б кракот кој има 15 легла.

Таму една недела претходно беше сместувачко одделение на поголем дел од пациентите сомнителни на ковид и мал број на заболени.

Таа појаснува дека поради немање на кревети на државната Инфективна клиника во Скопје дел од потешките пациенти, а кои сами ќе се снајдат се префрлаат на понатамошно лекување во Приватни клиники во Скопје, а дел остануваат и понатаму на лекување во велешката Општа болница.

Во велешката Општа болница на дветте одделенија Инфективно и Одделение за физикална медицина моментално има 63 пациенти од кои 9 се сомнителни и 54 потврдени. Од нив 20 се на кислородна поддршка.

Според вчерашниот извештај од Министерството за здравство во Велес и велешко активни на Ковид до вчера биле 672 пациенти, а од кои најголем дел се на домашно лекување.

Поврзани содржини