ВЕЛЕШАНКА НАЈДЕНА МРТВА ВО НЕГОТИНО Ќе се прави обдукција

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција на Институтот за судска медицина.

712

Триесет и едногодишна велешанка е најдена мртва утрово во Неготино, соопшти МВР.

Во Полициската станица Неготино од Итната медицинска помош утрово во 2:27 часот е пријавено дека на интервенција на улицата Дојранска во Неготино е затекната почината Л.Д.(31) од Велес. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Неготино.






По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција на Институтот за судска медицина.

Поврзани содржини