Велешани „летаат“, неготинец излетал

288

ВЕЛЕШАНИ БРЗО ВОЗАТ – На 27.09.2020 часот од 13.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 33 прекршоци, од кои 13 во Велес, 12 во Кавадарци и осум во Неготино. Возачите се санкционирани со соодветни пријави.

ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ – На 27.09.2020 во 18.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Столарска“, пред крстосница со кружен тек со ул.„Филип Втори Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(36) од с.Јеловјане, тетовско, удрило во велосипед, управуван од Р.Н.(43) од Битола. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.






ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ – На 28.09.2020 во 02.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Мушев гроб-Кавадарци, патничко моторно возило „голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Р.(20) од Неготино излетало од коловоз. Во незгодата, 17-годишна сопатничка од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

ИСЧЕЗНАТАТА ЌЕРКА СЕ ВРАТИЛА ДОМА – На 27.09.2020 во 22.00 часот во Полициската станица Радовиш, Џ.Ј. од Радовиш пријавил дека неговата малолетна ќерка, за која претходниот ден пријавил дека се оддалечила од домот, се вратила дома.

КАСНАТ ОД КУЧЕ – На 27.09.2020 во 12.35 часот во Полициската станица Чаир, К.Х.(47) од с.Визбегово, скопско, пријавил дека на ул.„Качанички пат“ бил каснат од куче скитник.

(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 28.09.2020)

Поврзани содржини