Велешанец во гаќи го криел хероинот
Дрогата била спакувана во 49 мали најлонски пакувања, сместени во едно топче од киндер-јајце скриено во долната облека што ја носел на себе, појаснуваат од ЈО.
Од ЈО соопштија дека Oсновното јавно обвинителство Велес донеле Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 24-годишна возраст од Велес за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги
– Осомничениот, на 10 септември, во својот дом, неовластено заради продажба држел наркотична дрога хероин во вкупна количина од 9,87 грама. Дрогата била спакувана во 49 мали најлонски пакувања, сместени во едно топче од киндер-јајце скриено во долната облека што ја носел на себе – појаснуваат од ЈО.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.