Велешанец со крвничко тепање ќе ја убиел сопругата, ја спасила ќерката

974

Јавен обвинител од Велес денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен маж, кој вчера се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство,

„Тој ѝ пришол и со кабел од шина започнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот“. Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури откако во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите што и ги нанесол осомничениот, оштетената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката“, соопшти Јавното обвинителство на РСМ.






До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес јавниот обвинител доставил предлог за определување на мерката притвор на велешанецот.​

Поврзани содржини