„ВЕЛЕА ДЕКА ЌЕ НЀ УБИЈАТ ЗАЕДНО СО МОЕТО ДЕТЕ“ Битиќи ги откри смртните закани кои ги добивал за време на кампањата
Вицепремиер кој седи до тебе, два дена по ред, кога во кампањата ги вративте паролите од деведесетите, во кои јас и моето дете добивме закани дека треба да бидеме убиени, ова се случи поради вас и вашите кампања, рече Битиќи.
Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан откри дека за време на изборната кампања добил смртни закани.
Тој вели дека за тоа е поднесена и пријава до Министерството за внатрешни работи.
Битиќи разговарајќи околу реториката во предизборната кампања, се обрати до Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ и му кажа да го праша Министерот за внатрешни работи, кој е осуден за загрозување на животот по вашата кампања?
– Прашајте го министерот за внатрешни работи, кој е осуден за загрозување на животот по вашата кампања? Вицепремиер кој седи до тебе, два дена по ред, кога во кампањата ги вративте паролите од деведесетите, во кои јас и моето дете добивме закани дека треба да бидеме убиени, ова се случи поради вас и вашите кампања – рече Битиќи.
На ова Стојановски истакна дека не знае, и не слушнал.
– Не знам, не сум слушнал. Дали тоа се случи за нешто друго, можеби поради некоја незавршена обврска кон фирма од Битола – рече Стојановски, на што Битиќи категорично одговори „Не“.