Велјановски: Заев – Дака, панамската шема за перење пари и криминал, за 2.000 станови ќе го уништaт Тетово
Претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ повторно ги покажа документите кои покажуваат дека сопственик на земјиштето на „ШИК Јелак“ е всушност фирма од Панама чиј сопственик е Миодраг Давидовиќ Дака.
Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ денеска потсети дека власта една недела молчи за афарата пврзана со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака и изградбата на станови на површината на ШИК „Јелак“ во Тетово.
– Дали Дака-Заев панамската шема за перење пари и криминал за 2.000 станови во Тетово ќе го уништи градот? Една недела откако го објавивме случајот власта молчи. Зделката за која слушнавме пред изборите дека е средена со поткуп од 300.000 евра и 2.000 квадрати простор, плус уште 4 милиони евра откако ќе се заврши работата, власта ја заврши на само еден ден по формирањето на владата – рече Велјановски.
Тој повторно ги покажа документите кои покажуваат дека сопственик на земјиштето на „ШИК Јелак“ е всушност фирма од Панама чиј сопственик е Миодраг Давидовиќ Дака. Таа е сопственик и на фирмата „Јелак градба“, на која управител е Дака.
– Се поставува прашањето зошто зад фирмата „Јелак градба“ стои фирма од Панама, која е оф шор држава и каде постојат сомнежи дека завршува капитал од перење на пари и други казниви дела.
Дали и какви се парите со кои ќе се гради во ШИК „Јелак“ и уште поважно, каде ќе заврши профитот од 200 милиони евра колку што ќе изнесува претпоставената заработка од целиот бизнис со 2.000 станови и илјадници метри квадратни деловен и станбен простор?Дали парите заработени во Македонија од нашите граѓани ќе се изнесат назад во Панама? Дали овој проект служи за чисто испумпување на пари? И на крај дали парите за кои слушнавме од снимката која ја објавија медиумите, а Дака му ги ветува на Кичеец откако ќе се заврши работата завршиле кај Зоран Заев или друг претставник од власта? – праша Велјановски.