Велјановски побара одговорност за Рашковски за набавката на софтверот и за „Шик Јелак“ на Дака
Не е прекршена ниту една процедура. Софтверот е целосно оспособен, тестиран и предаден, создаден е за различни камери и може да детектира различни прекршоци, рече Заев.
Дали ќе побарате одговорност од поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за кој има индиции дека е вмешан во криминал во случајот со набавката на софтверот, како и за случајот со компанијата „Јелак Градба “на Миодраг Давидовиќ Дака која го откупила имотот и добила решение за приватизација на градежно земјиште на влезот на Тетово. Од снимки слушнавме дека Дака во разговор со Кичеец дал мито од 300.000 евра, се споменува средба со премиертот Зоран Заев и со Драги Рашковски дали ова не се индиции за коруипција и криминал, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Вељановски на собраниската седница за пратенички прашања.
– Предметот Шик Јелак е предмет кој опстојува од 2012 годин. Дака е сопственик на дел земјиштето и од 2012 година води постапка за докупување. Државата го објавува нејзиниот дел и тој станува сопственик. Целта е ширење на Тетово кон периферијата. Еединствените пари кои се споменуваат се пари дадени во време на ВМРО-ДПМНе и тука нема дилеми – одговори премиерот Зоран Заев.
Велјановски одговори дека не е задоволен од одговорот.
– Не е добро што се поставувате во позиција на обвинител. Донесувањето на ДУП за Шик Јелак е во мај и тоа од советниците на СДСМ и ДУИ. На снимките се слуша како Рашковски е вплеткан во овој скандал. Сакаме да знаеме што се слуува со таа бетонска џунгла во Тетово. Има многу сомнежи кои Обвинителството треба да одговори – рече Велјановски.
Заев за случаите на Рашковски како „Леонардо“ рече дека е целосно завршена истрагата и дека тоа е од времето навладеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
– Има истрага за набавка на софтверот, за Драги Рашковски. Јавното обвинителство и Антикорупциска се обратија до Владата. Софтверот е набавен низ регуларна набавка. Не е прекршена ниту една процедура. Софтверот е целосно оспособен, тестиран и предаден, создаден е за различни камери и може да детектира различни прекршоци – рече Заев.