Вегетаријанците имаат помал ризик да развијат тешка форма на ковид-19

Заклучокот е изведен врз основа на добиените податоци од 2.844 медицински установи во кои се згрижени пациенти со новиот коронавирус.

412

Вегетаријанците имаат помал ризик од тешка форма на ковид-19, се нагласува во студија спроведена во шест земји. За луѓето кои исклучиле месо од нивната исхрана, веројатноста да имаат тешка форма на ковид-19 е намалена за 73 отсто, велат научниците.

Заклучокот е изведен врз основа на добиените податоци од 2.844 медицински установи во кои се згрижени пациенти со новиот коронавирус.






Ризикот од тежок ковид-19 е за 59 отсто помал за луѓето кои не јадат месо освен риба.

Сепак, истражувачите не можат да докажат дека одреден вид диета создава заштита од тешки форми на ковид-19, ниту дека ја намалува можноста за заболување.

Потрошувачката на здрава храна како овошје, зеленчук и житарки се намалила за време на пандемијата, според друго истражување за навиките на јадење во САД. Навиките на јадење на Американците биле следени пред и за време на новата пандемија на коронавируси. Според достапните податоци заклучно со јуни 2020 година, Американците ја зголемиле потрошувачката на нездрава храна, десерти и слатки пијалоци за време на пандемијата.

Поврзани содржини