„Vegeta“ – најпродаваниот дехидриран додаток во јадења во Европа
Под брендот „Vegeta“, кој беше прогласен за најпродаван, се вбројуваат производите: дехидрирани универзални додатоци за јадења „Vegeta Original“ и „Vegeta Natur“, како и дехидрирани специјални додатоци за јадења „Vegeta Natur“.
Пристигна и официјалната потврда од панелот за трговија на Nielsen: „Vegeta“ е најпродаваниот дехидриран додаток во јадења во Европа! Повеќе од шест децении, колку што постои, „Vegeta“ ги зачини и инспирираше многу јадења, па така ги освои срцата во најразлични делови на светот, претежно во Европа. Скенирањето на трговскиот панел е извршено дури на 31 пазар во Европа, во периодот од август 2019 година, па заклучно со јули 2020 година: „Vegeta“ е на првото место според обемот на продажбата во категоријата дехидрирани додатоци за јадења.
Под брендот „Vegeta“, кој беше прогласен за најпродаван, се вбројуваат производите: дехидрирани универзални додатоци за јадења „Vegeta Original“ и „Vegeta Natur“, како и дехидрирани специјални додатоци за јадења „Vegeta Natur“.
Од самите почетоци, „Vegeta“ беше добро прифатена и веќе по осум години од нејзиното пронаоѓање, првите договори се потпишани со странски партнери, во време кога тоа не беше баш наједноставно. Првите земји кои, покрај домашниот пазар, добија можност да уживаат во „Vegeta“ беа Унгарија и Русија. Во текот на седумдесеттите години од минатиот век, побарувачката за „Vegeta“ растеше и започна да се шири низ цела Европа, па така „Vegeta“ можеше да се најде на пазарите во Австрија, Шведска, потоа Западна Германија и Чехословачка.
Дел од успехот на „Vegeta“ е во постојаната модернизација, следење и диктирање на најновите трендови, без разлика дали станува збор за дизајн, пакување или нов производ. „Vegeta“ постојано внесува иновации во својот асортиман на производи, а со својот квалитет, рецепти и препознатливост се истакнува на пазарот на додатоци во јадења, но и пошироко од тоа. „Vegeta“ ги освојува срцата на своите корисници и ги слуша нивните потреби и преференции во исхраната, се прилагодува на барањата на индивидуалните национални кујни и ги следи најновите нутриционистички трендови, а тоа повеќе од 60 години и носи успех, препознатливост, а со тоа и награди и признанија.
Наведеното тврдење се темели врз податоците на Nielsen од трговскиот панел во кој учествуваа 31 земја (Австрија, Белорусија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Грција, Хрватска, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка, Германија, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Русија, Северна Македонија, Словачка, Словенија, Србија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Украина), според кои „Vegeta“ е водечка трговска марка според количинската продажба во категоријата дехидрирани (суви) додатоци за јадења во периодот август 2019 година – јули 2020 година.