ВЕДРАНА РУДАН ЗА ОДНОСОТ СО СИНОТ Лигавец од 50 години кој едвај чека да умрам

3,577

Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан, со новата колумна повторно ja разбранува jaвноста.

Рудан на својата веб-страница во текстот „Ме посети внукот“ го опишала односот што го има со синот и внукот.






Рудан на почетокот на текстот вели дека нејзиниот внук, кој ѝ се најавил, не го видела со месеци и објаснува зошто е тоа така:

– Син ми ми рече: „Му забранив на Крешо да доаѓа кај тебе додека не се вразумиш“ – пишува Рудан и додава дека тој ѝ рекол дека го посрамотила целото семејство, но таа му одговорила во свој стил: „Имаш свој живот. Нема да ме уценуваш со внукот. Можам и без тебе и без него. Ја спуштив слушалката“.

Рудан опишала, а потоа продолжила да го објаснува денешниот однос на внуците кон постарите луѓе.

– Не е дека не го сакам Крешо, не дека не го сакам својот син, но денешните внуци не се она што беа некогаш. Кога бев на возраст на Крешо, се радував на прошетките со баба ми низ полињата прошарани со диви јагоди. Кога ќе дојде кај мене, седнува покрај мојата работна маса, почнува да игра игри, ги држи нозете на масата и вели: „Сок! Чипс! Похувано!“

Рудан пишува дека внукот влегол во градината, а синот, кој го донел Крешо, побегнал без да се поздрави.

– „Стара, дали си слепа? Сите овие мажи те искористуваат.“ „Како сине не гледаш дека и јас ги искористувам нив?“, „ Мамо! Ти си стара жена! Ќе останеш со гол задник!“, „Не грижи се ти за мојот задник. Грижи се за својот. Ти си лигавец во педесеттата година од животот, кој едвај чека да умре мајка му за да се всели. Зошто не си купиш куќа?“, „Како?“

– Читав интервју со мајката на Илон Маск. Кога бил мал, тој, неговите браќа и мајката спиеле под отворено небо, кравите им ги лижеле лицата и ги буделе. Денес, Маск е еден од најбогатите луѓе во светот. „Каде во Риека да најдам крава што би ме лижела? Зошто кравите би ме лижеле додека ти живееш во вилата?“. „Никаде не пишува дека мајката мора да се грижи за своите деца до смрт и да им дава отчет. Ти си разгален стар лигавец!“- Ведрана прераскажува еден од конфликтите со нејзиниот син и повторно се навраќа на внукот и на неговата посета.

– Крешо носеше искинати бермуди и црна маица на која пишуваше FUCK! „Бабо, купи ми мобилен за роденден?“ „Добар ден, бабо, како си, бабо, те боли ли нешто бабо? Биди малку учтив.“

„Што те боли бабо? Ќе умреш ли? Кога ќе умреш, сето ова ќе биде мое.“

„Кога ќе умреш, Крешо, кога ќе умреш. Јас нема да умрам туку ти. Зошто сето ова би било твое?“.

„Татко ми рече дека ќе биде. И рече дека тебе ти е доволно два за два.“ „Знаеш ли што е два за два?“. „Не“.

Ова ја налутило Ведрана, а внукот уште додал дека е стара и дека не треба пцуе, ниту да го напушта сопругот, па тој ја уценува да му купи мобилен телефон, на што таа не се согласува и бара да ѝ открие што неговиот татко, односно нејзиниот син вели:

„„Тој рече дека ќе ти ги одземе способностите и дека ќе одиш во Рајот. Дали ќе ми купиш мобилен телефон?“. „Рај? Во таа дупка ќе ме сместите? Таму лежеше покојниот Руди. На еден пациент десет стаорци. Шетаа во „Рајот“ опуштено како мачки. Руди деноноќно беше врзан за креветот и неговите деца му ги одземаа „способностите“ иако беше поспособен од нив. Судијата беше евтин.“

Ведрана и Крешо постигнуваат договор – таа ќе му купи телефон, а тој секој ден ќе доаѓа кај неа за да ѝ ги кажува плановите на неговиот татко.

– „Јас ќе мора секој ден да доаѓам кај тебе?“. „Да. Инаку, ќе отидеме по ѓаволите.“ „Па тогаш, дали ќе ми купиш…“, „Ќе ти купам мобилен телефон.“ „Ајфон?“. „Ајфон.“ „Бабо, ти донесов подарок.“ „Подарок?“ „Таму е во кутијата.“. Отидов до вратата и ја отворив кутијата. Во неа беше прекрасна црна мачка. Солзи ми навреа во очите. Боже, колку ме сака малечкиот“.

„Крешо, Крешо, колку добро дете си ти, ти благодарам, злато. Каде го најде ова толку убаво маче?“. Го бакнав во валканата коса. Детето мрази вода. „Мама рече дека не смеам да ти кажам.“ „Што?“ „Еве 100 куни. Што ти кажа мајка ти?“

„Бабо, ти си глупава. Сега нема да ти кажам што рече мама.“ „А, јас нема да ти купам ајфон.“ „ Лажливка!“, „Лажго!“. „Мама ми рече да ти ја донесам мачката бидејќи преку глава ѝ е постојано да ги чисти влакната. Сега може да си одам дома?“. „Можеш.“ „Исчезна.“

Ведрана на крајот додала:

„Рај? Рај, по ѓаволите! Зошто жените одат на вештачко оплодување?“, завршува Ведрана Рудан.

Поврзани содржини