ВЕЧЕРВА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА На воз кај Демир Капија од струен удар загина едно лице
На местото каде што се случила несреќата биле излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза Помош. По завршување на увидот железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот.
Едно лице го загуби животот кај Демир Капија откако се качило на покривот на товарен воз и ја допрело инсталацијата, при што починало на самото место.
Како што информираа од ЦУК кај нив пристигнало известување од Македонски железници дека од 17:15 часот поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија се качило лице (најверојатно емигрант) и по допир со инсталацијата која што е под напон дошло до негова смрт.
На местото каде што се случила несреќата биле излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза Помош.
По завршување на увидот железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот.