Вечерва, прв пат после 800 години, ќе биде видлива „Божиќната ѕвезда“! ВИДЕО
За повеќето кои имаат телескоп или двоглед, феноменот ќе биде лесно видлив, при поволни временски услови. Но, при ведро небо, коњукцијата ќе биде видлива и со голо око. Најдобро време да се посматра фемоменот е веднаш после зајдисонце.
Двете најголеми планети во нашиот Сончев систем вечерва ќе се приближат повеќе отколку што биле блиску во Средниот век. И тоа се случува точно за време за Божик – оттаму и називот „Божиќна ѕвезда“.
Иако не станува збор за вистинска ѕвезда, туку за коњукција меѓу две планети, Јупитер и Сатурн ќе им пририедат несекојдневно изненадување на сите љубители на ѕвездите. Фактот дека овој настан се случува за време на зимската краткоденица е чиста случајност, велат научниците од НАСА за Си-Ен-Ен. Тие потестуваат дека вакво „преклопување“ меѓу двете планети немало од 4 март 1226 година.
Инаку, љубителите на ѕвездите знаат дека Јупитер и Сатурн се приближуваат заедно уште од летото. Тие во моментов се видливи на нашето ноќно небо, сè поблиску еден до друг. До 25 декември феноменот ќе стане уште поспектакуларен.
За повеќето кои имаат телескоп или двоглед, феноменот ќе биде лесно видлив, при поволни временски услови. Но, при ведро небо, коњукцијата ќе биде видлива и со голо око. Планетите ќе бидат доволно светли за да се гледаат во самракот, што може да биде најдобро време за набљудување на феноменот.
– Ако сте во Њујорк или во Лондон, или покрај тие географски широчини, обидете се да ја забележите коњукцјата веднаш по зајдисонцето. Да чекате еден час по заоѓањето на сонцето, само ќе ги приближите планетите до хоризонтот, што ги прави потешки за забележување.