ИЗЛЕЗЕ СИНАТА МЕСЕЧИНА Сега погледнете во небото над Македонија! ВИДЕО
Сина значи дека таа е ретка, дека е нешто што никогаш не би се случило, според фолклористот Филип Хискок, кој смета дека народот ѝ го дал тоа име. Taa e четврта полна месечина летово, а би требало да се три, за секој месец по една. Ова е затоа што лунарниот и календарскиот месец не се исти, па така остануваат седум екстра сини месечини на секои 19 години.
Во моментов, (десет часот попладне 22/08/21), над Македонија бдее Сината Месечина и може да се види со голо око.
Супер Месечина, Крвава или волчја Месечина, Розева Месечина – ова беа само некои од полните месечини кои нѐ изненадија минатите години. Но, Сина Месечина? Што ни носи таа и зошто е наречена сина? Статија на IFL Science ни ги открива „сините“ мистерии.
Што е сина Месечина?
За сина месечина може да се смета секоја втора полна месечина што ќе се појави во месецот, како на пример, ланската сина месечина која се појави на Халовин, или, како овој викенд, кога таа е четврта полна месечина во летото. Но, за разлика од розевата или црвената, сината месечина е повеќе производ на фолклор, отколку на реална астрономија.
Сина значи нешто ретко и префинето
Сина значи дека таа е ретка, дека е нешто што никогаш не би се случило, според фолклористот Филип Хискок, кој смета дека народот ѝ го дал тоа име. „Понаучната“ варијанта е дека сината боја може реално да се појави откако чад од вулканска ерупција може да направи таа да изгледа обоена во сино.
Зошто се појавува Сината Месечина?
Сината Месечина се јавува кога имаме невообичаено темпирано лето, како сегашново. Вообичаено, летото трае три месеци од летниот солстициј(најдолг ден е 22 јуни), па до есенската рамноденица( 23 септември). Со други зборови, три месеци и три полни месечини.
Но, годинава, ќе имаме и четврта полна и „сина“ месечина! Тоа е таа затоа што првата од трите месечини во јуни, се случи само три дена по солстицијот (најдолгиот ден), и остави место да се појави и четвртата. Со други зборови, 2021 година ќе има 13, наместо стандардните 12 полни месечини, а нивниот број секогаш е различен, признаваат и самите научници.
Погледнете го следното видео каде сликовито се објаснети фактите.
Кога да ја видите сината месечина?
Најдобро време за да ја набљудувате Сината Месечина е негде околу 2 часот по полноќ ако сте во Македонија (што би се рекло на сама полноќ по Гринич). Таа тогаш ќе биде баш полна. Секако, ќе биде видлива и многу пред тоа откако сонцето ќе зајде околу 7:23 часот попладне.
Колку често има сини месечини?
Сина Месечина како оваа вечерва се јавува седум пати на секои 19 години. Тоа значи дека лунарниот циклус се повторува на 19 години со сите свои поместувања и изместувања. Сепак, лунарниот месец е пократок и не е целосно синхронизиран со календарскиот месец. Лунарниот месец трае отприлика 28 дена, па така 19 години имаат 235 лунарни месеци, секој со своја полна месечина нели, но овие одговараат на само 228 вистински календарски месеци (од по 30-31 ден). Па така, седумте „екстра“ полни месечини кои се јавуваат всушност се сините месечини.
Дали навистина посинува месечината?
За жал, малку е веројатно дека Месечината навистина ќе биде сина – иако тоа може да се случи. Месечината може да се појави во сина боја кога атмосферата е полна со одредени црвени честички што расфрлаат светлина. Ова може да се случи со секоја месечина, не само кога е полна. Сепак, овие е особено распространето околу пожарите, така што места како Британска Колумбија или Калифорнија можеби ќе бидат украсени со романтична сина „чипка“ за да го осветлат нивниот локален пеколен пејзаж.
Што ако ја пропуштите сината месечина?
Ако ја пропуштите Сината месечина овој викенд, ќе треба да почекате до август 2024 година за следната – или, ако сте нетрпеливи, можете да се задоволите со верзијата „втора од две месечини за еден месец“, која ќе се појави година порано. Во секој случај, тоа е прилично чест феномен, затоа држете ги очите отворени – и запомнете, месечината која изгрева во Лав во областа на Водолија значи…добро, ништо. Месечината е само природен сателит на нашата планета, а не магичен советник.