На територијата на Македонија повторно е почувствуван земјотрес и тоа во 21 часот и 40 минути, кој според првичните информации, е со јачина од 3,8 степени по Рихтер.
Според податоците на ЕМСЦ епицентарот на земјотресот е на 18 километри југозападно од Гостивар.
Почувствуван е во близина на Мавровското Езеро, а ги вознемири жителите во Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево.