Вечерва омаж за Димче Коцо во Чифте Амам ВИДЕО

Коцо е Охриѓанец, кој завршил резбарска школа дома, а потоа студирал во Белград. Учествувал во НОБ, а кога се вратил започнал една маркантна општествена дејност. Со негова помош бил отворен Народниот Музеј и други музеи низ земјата

934

110 години од раѓањето на најпознатиот македонски сликар и критичар Димче Коцо ќе бидат обележани вечерва во Чифте Амам. Со почеток во 20 часот, ќе се отвори изложба со 150 таписерии, слики и скулптури од сите фази на неговото творештво.

Погледнете го ова промо видео кое го подготвија од Националната галерија: 






Коцо(1910-2020) е на некој начин првиот историчар на уметност во Македонија, кој помогнал да се створи Институтот за историја на уметност, но и да се отворат, прво Народниот Музеј, а потоа и другите музеи низ земјава. Тој е Охриѓанец, кој завршил резбарска школа дома, а потоа студирал во Белград. Учествувал во НОБ, а кога се вратил започнал една маркантна општествена дејност во културата.

Проектот на трите кураторки Славица Алексовска, Маја Неделкоска Брзанова и на Маја Чанкуловса ќе опфати и досега неизложувани негови дела. Коцо се бавел со материјата и нејзината минливост, а се инспирирал и од македонските носии и традиција. Направил 13 изложби во земјата и во странство, но ќе остане познат како општественик во редот на великаните Петар Мазев, Борка Лазески…

Изложбата, која е дел од прославата за 70 години постоење на Националната галерија во Чифте Амамот, ќе биде отворена до крајот на летото.

Поврзани содржини