Вечерва од 20 часот до 2 часот по полноќ спектакуларен онлајн концерт на најголемите музички ѕвезди

1,062

Пејачката Леди Гага организира онлајн концерт наречен „Еден свет: Заедно дома“ (One World: Together at home), заедно со најголемите лица на музичката и шоубиз индустријата во моментов, а присуството го потврдија и легендарните „Ролинг стоунс“.

Концертот ќе се одржи вечерва, во соработка со Светската здравствена организација и организацијата Citizen, со цел сите луѓе на светот да се чувствуваат заедно, да го надминат својот страв од иднината и да добијат надеж.






Концерот ќе почне во 20 часот и ќе трае до 2 часот по полноќ.

Меѓу оние што ќе настапат се: Селин Дион, Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Били Џо Амстронг од „Грин деј“, Бурна Бој, Крис Мартин, Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, Идрис и Сабрина Елба, Џ. Балвин, Џон Леџенд, Кејси Масгрејвс , Кит Урбан, Кери Вашингтон, Ланг Ланг, Лицо, Малума., Пол Макартни, Пријанка Чопра Џонас, Шах Рух Кан и Стиви Вондер.

Програмата ќе ја водат Џими Фалон, Џими Кимел и Стивен Колберт.

Гага ги повика сите да уживаат во музиката и рече дека не треба да плаќаат ништо затоа што собрале 35 милиони долари преку донатори.

Концертот можете да го следите на Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и други платформи.

.

Поврзани содржини