Полицискиот час вечерва нема да важи и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца, согласно одлуката на Владата од 27 април.
Забраната за движење останува на сила во останатите денови со почеток во 21 часот до 5 часот.
– Во разговор со лидерите на верските заедници, тие презедоа одговорност да не се дозволат масовни собири и одбележувањето на празникот да биде во согласност со епидемиолошките мерки. Тука клучна е и одговорноста на самите граѓани – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел заеднички придонес во борбата против ковид-19.
Освен вечерва, исклучок од забраната ќе има и вечерта меѓу 13 и 14 мај за Рамазан бајрам.
Новите мерки важат до 15 мај.