ВЕЧЕРВА НЕМА ДА ИМА ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“ Средствата ќе се донираат во хуманитарни цели?

И покрај тоа што, според сознанијата на порталот 4NEWS.mk, нема да има огномет, за пречекот на Новата година, на градскиот плоштад „Македонија“ ќе настапат македонски музичари кои сепак ќе направат одлична забава.

1,651

Во главниот град Скопје вечерва нема да има огномет, објави порталот 4NEWS.mk, повикувајќи се на свои извори.

Град Скопје донел одлука средствата да ги донира во хуманитрани цели, се вели во објавата на порталот.






За пречекот на новата година на градскиот плоштад „Македонија“ ќе настапат македонски музичари.

Новогодишната програма под името „Празнична магија 2025“ ќе започне во 19:30 часот со настап на Сара Мејс, по што ќе настапат „Љубојна“ и „Ареа“, а новата година ќе биде дочекана со настапот на „Нокаут“.

ОД БОГАТА РОМСКА МУЗИКА ДО „АРЕА“ И „КУКУ ЛЕЛЕ“ Еве ја програмата за Нова година во Скопје

Поврзани содржини