ВЕЧЕРВА НЕ ЈА ПРОПУШТАЈТЕ СУПЕРМЕСЕЧИНАТА Ракот носи љубов, а ерата на лавот, храброст

Од четирите случувања во 2022 година, вечерашното ќе биде најблиску до перигејот. По ова, следна полна месечина блиску до перигејот ќе се појави на 6 декември.

1,001

Полната Месечина што ќе излезе вечерва на небото ќе биде „најсупер“ од четирите супермесечини што ќе се случат во 2022 година. Тоа значи најсветла. Можете да ја следите во живо, овде. Врколаци и љубителите на Месечината подгответе се, пишува ИФЛ Наука. Во Скопје Месечината би требало да изгрее во 8 и 37 минути попладнево.

„Полната Месечина во јули се нарекува Рогата Месечина затоа што роговите на машкиот елен во овој момент се во полн раст“, ​ вели Алманахот на Стариот фармер. 






Полната месечина на 13 јули е всушност супермесечина и ќе ги истакне нашите амбиции, но и желбата за љубов која трае, трае и трае.

Откако ќе започне сезоната на лавовите на 22 јули, возбудата само ќе расте и страста ќе нè води низ животот. Очекувајте зголемена самодоверба и дозволете си да бидете поспонтани.

Супермесечина се случува кога блиската страна на Месечината не е само целосно осветлена, туку и нашиот природен сателит е на најблиската точка во својата орбита со нас, Земјата.

Бидејќи орбитата на Месечината, иако е многу блиску до круг, всушност е елипса, има моменти кога таа е поблиску до Земјата, што се нарекува перигеј и друго време кога е подалеку, наречено апогеј. Просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината е 384.400 километри.

Кога се случува полна месечина, а Месечината е во перигеј, таа изгледа малку поголема и посветла отколку кога е во апогеј. Според НАСА, се работи за околу 14 отсто зголемување во големината и 30 отсто зголемување на светлината.

Оваа разлика ѝ го донесе прекарот „Супермесечина“. Спротивното е „микромесечина“, но кога таа се случува разликата е доволно мала што нема да забележите доколку не знаете дека се случува.

Со оглед на тоа што не постои астрономска дефиниција за оваа редовна појава, не постои строго правило како да ја разликуваме. Астрофизичарот Фред Еспенак ја дефинираше како полна Супермесечина онаа што се јавува кога Месечината е на 90 проценти од најблиското приближување до Земјата. Врз основа на тоа добивате три или четири месечини годишно.

Од четирите случувања во 2022 година, од мај до август, вечерашното ќе биде најблиску до перигејот. По ова, следна полна месечина блиску до перигејот ќе се појави на 6 декември.

Можеби ќе го видите и оптичкиот трик наречен илузија на Месечината. Ова се случува кога Месечината е ниско на хоризонтот, давајќи впечаток дека е масивна и многу поблиску од нормалното.

 

 

Поврзани содржини