ВЕЧЕРВА АТРАКЦИЈА ВО СКОПЈЕ Најбрзиот пијанист на светот Љубомир Мелник на концерт во Пошта (ВИДЕО)

Користејќи ги неговите извонредни пијано способности за да генерира над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, тој е најбрзиот пијанист некогаш снимен.

784

Најбрзиот пијанист на светот Љубомир Мелник вечер ќе одржи концерт во зградата на Пошта во Скопје, во организација на Младинскиот културен центар.

Љубомир Мелник e украински композитор и пијанист, познат по неверојатната брзина на движења на прстиТЕ. компонира  „континуирана“ музика, која подразбира пијано техника базирана на екстремно брзи ноти и комплексни серии, како и користење на педалата за да се создадат хармонски надтонови и резонанци.






Користејќи ги неговите извонредни пијано способности за да генерира над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, тој е најбрзиот пијанист некогаш снимен. Од раните 1970-ти произведе неверојатен опус од повеќе од 120 дела, повеќето за соло или двојно пијано и отвори целосно нови патеки во современата музика

– Љубомир Мелник, кој прв пат доаѓа во Скопје, е еден од најфасцинантните пијанисти и композитори на нашето време. Беше наречен „Пророк на пијано“ поради неговата животна посветеност на инструментот и за неговата работа во поместувањето на границите на тоа што може да се направи со него. Во средината на 1970-тите, додека живееше во Париз, тој создаде „Континуирана музика“ – тотално нов јазик за пијано, кој бара неверојатни технички способности, кои го користат целиот природен глас на пијаното. Може веднаш да се препознае дека оваа музика е основана во традиционалната класична техника за пијано, со сеќавање на Лист и Брамс, но исто така содржи многу влијанија од источната филозофија, како и минималната музика, комбинирајќи ги во прекрасна мешавина на модерни романтични хармонии и мелодии, се вели во најавата од МКЦ за вечерашниот концерт на Мелник.

Концертот во Пошта почнува 21 часот, билетите се во ограничен број и можат да се набават на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk по цена од 500 денари.

 

Поврзани содржини