Вечерај си порано, појадувај си подоцна
Ова е основното правило на ајурведскиот пост со чија помош телото се регенерира и исцелува. Имено, значајни медицински откритија покажале дека за време на постот, телото троши првенствено од заболените ткива: тумори, цисти, израстоци, итн. Тоа е сè што не му припаѓа на организмот.
Иако е корисен, според ајурведата, постот не треба да се започнува без консултација со стручно лице. Според оваа древна наука, секој пост не е добар за секоја доша (типот на нашето тело според ајурведата). Понекогаш сакајќи да направиме добро можеме да направиме поголем проблем.
За време на постот, функциите на сите органи се намалуваат, организмот се одмара и ја компензира енергијата од резервите. Затоа, биолошката машина, исцрпена во процесот на работа, треба да се исчисти од сè што е штетно. Природата знае како да уништи и да лекува со едно и исто средство. Нејзините методи понекогаш тешко се усвојуваат и бавно се воведуваат. Можеби ова се должи на слабото познавање на законите на природата, бидејќи природата добро ги чува своите тајни. Значи, сè уште имаме многу да научиме од неа иако ајурведата е наука која е стара 10.000 години. Сепак, дури и да ги знаеме нејзините тајни – не ги следиме. За време на постот, долгорочно се поштедуваат сите органи на телото. Постот е особено корисен за органите за варење, кои добиваат можност за регенерација.
Дури во втората половина на 19 век проф. Пушутин бил меѓу првите што го испитале механизмот на дејствување на постот. Открил дека за време на постот организмот е принуден да функционира на сметка на сопствените резерви.
Елиминација на заболените ткива и слабеење
Истражувањата покажале дека двигателот на гладот е самиот центар на глад. Доколку нема храна, тогаш организмот почнува да ги троши своите внатрешни резерви, а при користење на внатрешни резерви, организмот најмалку зема од нервното ткиво, срцето и другите органи. Според овие показатели, природата се погрижила да го зачува до последно главниот управувачки апарат во сложениот организам на човекот, неговиот мозок, нервниот систем и срцето. Значајни откритија на медицината се дека за време на постот, користејќи протеини, телото троши првенствено од заболеното ткиво: тумори, цисти, израстоци, итн. Тоа е сè што не му припаѓа на организмот.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.
Фото: Unsplash