ВЕБ СТРАНИЦАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА ИЗБРАНА ЗА „САЈТ НА ГОДИНАТА“ Наградена е во уште 3 категории
Веб сајтот на Комерцијална банка го освои првото место и во категориите Финансиски услуги, банкарство и осигурување и Мобилен сајт, а во категоријата Корпоративен сајт за 2021 година е на второ место.
Веб страницата на Комерцијална банка kb.mk е избрана за „Сајт на годината“ за 2021 година во Република Северна Македонија. Страницата е креирана и редизајнирана за да биде од корист за клиентите и да ги задоволи и најсофистицираните потреби на дигитално ориентираните корисници на банкарски услуги.
Веб сајтот на Комерцијална банка го освои првото место и во категориите Финансиски услуги, банкарство и осигурување и Мобилен сајт, а во категоријата Корпоративен сајт за 2021 година е на второ место. Со својот нов и модерен дизајн, со многубројните корисни алатки и со богатата понуда на производи и услуги kb.mk го освои најголемиот број гласови на посетителите на порталот „Сајт на годината“ во рамките на натпреварот во организација на дигиталната маркетинг агенција Медиа Солутионс.
– Нашето задоволство од овие награди е огромно затоа што се доделени од најстручното и најстрогото жири – корисниците, а особено сме горди што тие за многу кратко време ги препознаа предностите и функционалноста на новата веб-страна на Комерцијална банка. Овие признанија ни потврдуваат дека успеавме да создадеме веб сајт кој поаѓа од потребите на клиентите и ги следи најновите трендови во дигиталниот свет. Сајтот е дел од една поширока стратегија за целосна дигитализација и префрлување на услугите на Банката онлајн, без потреба од посета на банка. Навистина настојувавме да дизајнираме пријатно искуство низ сајтот, со корисни содржини и лесно навигирање – истакна Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, во своето обраќање за време на доделувањето на наградата „Сајт на годината“.